АТЛАНСКИ ОКЕАН
Атлантскиот Океан на запад е ограничен со Северна и Јужна Америка, на исток со Европа и Африка, а на север и југ продолжува во Северниот и Јужниот Oкеан.
Со Пацификот е поврзан преку Панамскиот Канал и преку Дрејковиот Премин јужно од Јужна Америка. На југоисток, Атлантикот продолжува во Индискиот Океан, а за граница се смета меридијанот 20° источно.
Средоземното Море е поврзано со Атлантикот преку протокот Гибралтар
Просечната длабочина на Атлантикот е 3.926 м, а најголемата е во ровот Порто Рико, 8.605 м. Најмалата ширина е 2.848 км помеѓу Бразил во Јужна Америка и Либерија во Африка, а најголемата е 4.830 км помеѓу САД и Северна Африка.
Во просек, Атлантикот е најсолен од сите океани, салинитетот изнесува
3,3 - 3,7%. Температурата на водата се движи меѓу 7-8 °C околу
географските ширини 45° северно и јужно.
Околу екваторот, поради варијации на температурите на водата и воздухот, во текот на летото (мај-септември) се создават тропски циколони и урагани.